Според најавите од Шпанија Барселона ќе се раздели со Роналд Куман, а веќе на големо се пишува за тоа кој би можел да го наследи.
Прв фаворит за клупата на Барселона е Роберто Мартинез, меѓутоа францускиот „РМЦ Спорт“ пренесува изненадувачка информација. Наводно, Оскар Гарсија кој настапуваше за Барселона од 1993 до 1999 година е можна опција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерската кариера на Гарсија не е импресивна и навивачите сигурно нема да бидат пресреќни. Во овој момент тој тренер на тимот на Ремс со кој освои седум бода во седум кола и овој тим се наоѓа на 15. место во Лига.
Кариерата како тренер ја започна во 2009 година како помошник на Јохан Кројф, потоа беше тренер во младинските категории на Барселона. Имаше две пократки епизоди во Макаби Тел Авив, Брајтон и Вотфорд. Кратка епизода помина во Сент Етјен, а до ноември 2020 ја водеше Селта.