Дома Топ вести Тренерот на ПСЖ ја откри иднината на Нејмар!

Тренерот на ПСЖ ја откри иднината на Нејмар!

Изминатиот месец многу се шпекулира за иднината на Нејмар во ПСЖ, клуб кој ова лето го донесе од Барселона за рекорден трансфер.

Многу се пишуваше за неговата расправија со Кавани, за лошите односи со тренерот Емери, како и за евентуалната клаузула која ја има во договорот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конечно, после многу шпекулации проговори тренерот на ПСЖ, Унаи Емери кој јасно им откри на медиумите каква ќе биде судбината на Бразилецот на „Паркот на принцовите“.

„Го доведовме од Барселона со една цел: Клубот и претседателот сакаат тој долго да остане овде“, јасен беше Емери.

„Сите фудбалери се луѓе, а потоа фудбалери. Јас разговарам со Нејмар, што е многу поважно од сите шпекулации. Адаптацијата во нов клуб е поинаква за секој играч. Некои тоа го прават брзо, некои поспоро. Ние правиме се за да му помогнеме на Нејмар да се адаптира што е можно побрзо“, додаде Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…