Трансферот на Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона е се поизвесен, пишува „Газета дело Спорт“.
Газета утрово објави, а пренесоа и другите медиуми во Италија, дека Пјаниќ прифатил трансфер во Каталонија и сега останува клубовите да се договорат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона и Јувентус постигнале начелен договор за трампа, па сега се е во рацете на бразилскиот плејмејкер Артур.
Јувентус е спремен да ја комплетира трампата, па во моментов започнал преговори со Артур. Бразилскиот плејмејкер е голема желба на тренерот Сари, па „старата дама“ ќе се обиде што поскоро да постигне договор.
23-годишниот Бразилец во моментов не сака да ги напушти Каталонците, па целата трансфер операција е во негови раце.