Откако и официјално пропадна трансферот на Златан Ибрахимовиќ, раководството на Милан се насочува кон друг ветеран од Серија А.
Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ покажуваат сериозен интерес кон напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан сака да донесе уште еден напаѓач во јануари, па веќе стапиле во контакт со агентот на 35-годишниот напаѓач.
Кваљарела оваа сезона игра одлично и има постигнато 8 гола и 5 асистенции во Серија А.
Милан сака да го донесе напаѓачот на 6 месеци, со опција за продолжување на уште една година.