Дома Топ вести Трансферот на Азар е само прашање на време: Откриени сите детали!

Трансферот на Азар е само прашање на време: Откриени сите детали!

Британските медиуми откриваат дека трансферот на Азар од Реал Мадрид е веќе завршена работа!

Самиот Азар призна дека донел конечна одлука и дека го известил раководството на Челзи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Донесов одлука. Се уште чекам околу развојот на ситуацијата. Им кажав на клубот пред неколку недели. Ја донесов одлуката, но не зависи се од мене“, истакна Азар.

Челзи до крајот на сезоната ќе игра во финалето од Лига Европа на 29-ти мај, а веднаш потоа ќе биде официјализиран трансферот.

„Гардијан“ ги открива сите детали од трансферот. Реал за неговиот потпис ќе му плати на Челзи 110 милиони евра, а Азар ќе потпише четиригодишен договор со „кралевите“ и годишно ќе заработува 15 милиони евра.

28-годишниот Белгиец пристигна во Челзи во 2012 година, во меѓувреме со „сините“ освои неколку трофеи, а има прилика да се прости од клубот со пехарот од финалето на Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…