Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Кога ќе биде реализиран трансферот на Мората, Солскјер најави добри вести!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Кога ќе биде реализиран трансферот на Мората, Солскјер најави добри вести!

После вчерашниот супер интересен ден на трансфер пазарот во кој видовме неколку големи трансфери бидете со нас да следите и денес што се случува.

– Откако се договорија за Гонзало Игуаин, денес на Островот се појави вест дека Челзи и Јувентус преговараат за младиот играч на „сините“, Кристенсен.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


– Во Италија денес се појави вест дека Гонзало Игуаин од самиот почеток правел се за да издејствува заминување од Милан (ОВДЕ)

Де Јонг кој вчера го комплетираше трансферот во Барселона потврди дека разговарал со Манчестер Сити и ПСЖ, но дека Барселона била неговиот прв избор. (ОВДЕ)

Денис Суарез е се поблиску до трансфер во Арсенал – еве како би изгледал тимот на „топџиите“ со него во составот. (ОВДЕ)

– Oткупната клазула во договор на Де Јонг со Барселона изнесува 400 милиони евра!

– Андерлехт ја покажа својата големина и поради скандалот со познатата српска пејачка Јелена Карлеуша, Огнен Врањеш е префрлен во Б тимот на белгискиот гигант.

– Сите светски медиуми пишуваат дека Тиери Анри го чека отказот во Монако…

– Лајпциг спрема нов договор за Тимо Вернер во кој ќе има и откупна клазула.

– После вчерашните големи трансфери денес се чека уште една голема бомба – Алваро Мората во Атлетико Мадрид. За да се реализира овој трансфер се чека само да замине Никола Калиниќ. Се веруваше дека Монако е прв фаворит, но сега во трката се вклучи и германски Шалке.

– Медиумите на „Чизмата“ пишуваат дека Милан после зделката со Кршитоф Пијатек до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го купи Јаник Караско кој сака да ја напушти Кина.

Оле Гунар Солскјер проговори за можноста за продолжување на договорите на Давид Де Геа и Ентони Марсијал.

„Се оди во добар правец, но да ја оставиме таа работа на луѓето кои се задолжени за тоа“.

„Газета дело Спорт“ на насловната страна пишува за долгорочните планови на италијанските гиганти. Тврди дека Јувентус и понатаму ја следи ситуацијата со Погба, Иско и Киеза, дека Интер спрема нов напад на Модриќ, додека Милан не се откажува од Савиќ. Меѓутоа се истакнува дека ништо од ова со сигурност (ако биде) нема да биде реализирано пред лето.

– OФИЦИЈАЛНО: Џон Оби Микел се врати на Островот – потпиша за Миделсброу!

– Во шпанските медиуми може да се прочита дека Иско му поставил услов на Реал Мадрид. Наводно тој би останал во Реал Мадрид, но само ако Сантијаго Солари не биде тренер на „кралевите“.

ПИЈАТЕК ПРЕТСТАВЕН ВО МИЛАН (ОВДЕ)

– Медиумите пренесуваат дека Вест Хем испратил понуда до Андреа Белоти од Торино (ОВДЕ)

– Братот на Џанлуиџи Донарума, Антонио е пред трансфер во Олимпијакос.

– Барселона му постави ултиматум на Денис Суарез. Барселона му нуди на Суарез да биде продаден во Бетис за 20 милиони евра или да го продолжи договорот и да замине на позајмица во Арсенал. (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …