Дома Фудбал Италија Игуаин од самиот почеток во Милан имал една цел – што побрзо да замине!

Игуаин од самиот почеток во Милан имал една цел – што побрзо да замине!

Гонзало Игуаин вчеравечер го комплетираше трансферот во редовите на Челзи.

Меѓутоа сега на површина „испливаа“ работите кои се случувале во последните шест месеци, а италијанските медиуми тврдат дека Игуаин од почетокот имал само една цел – што побрзо да замине.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Игуаин беше убеден во текот на летото да прифати трансфер во Милан, иако тој сакаше во Челзи.

Проблемите започнале веднаш, се жалел скоро на се. Во натпреварот против Каљари ги обвинил соиграчите дека не му додаваат. Гатузо очекуваше од него да биде лидер, место тоа „Пипита“ беше негативен.

Се жалел дека тренинзите биле пресилни и дека нема енергија за натпреварите.

Кога во Каљари после натпреварот одби да даде изјава бидејќи беше бесен поради лошиот настап на соиграчите, Гатузо го предупредил дека не смее така да се однесува, а со тоа работите се влошиле.

higuain

После сето ова се добива впечаток дека планот на Игуаин од самиот почеток бил што побрзо да го напушти Милан.

Леонардо и Малдини на крајот го пуштија да си замине со цел да нема тензии и добра атмосфера во соблекувалната. Игуаин самиот барал да не биде во конкуренција за натпреварот против Џенова и тогаш дошло до сериозен конфликт со Гатузо.

На крајот Аргентинецот успеа во својата намера, но и во Милан сигурно се среќни што се ослободија од неговата голема плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…