Дома Топ вести ТРАНСФЕР НА ДЕНОТ – Златан Ибрахимовиќ!

ТРАНСФЕР НА ДЕНОТ – Златан Ибрахимовиќ!

Златан Ибрахимовиќ потпиша уште еден едногодишен договор со Манчестер Јунајтед.

35-годишниот поранешен шведски напаѓач минатата сезона запиша 46 настапи и постигна 28 гола за Јунајтед минатата сезона. Ибрахимовиќ беше ослободен од клубот во јуни, откако неговата сезона предвреме заврши со повреда на коленото, но тој се очекува повторно да се врати на терените кон крајот на октомври.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„По неговиот придонес минатата сезона тој ја заслужува нашата доверба и ќе бидеме трпеливи со чекањето да се врати“, изјави Жозе Мурињо.

Интересно е тоа што сега Ибрахимовиќ ќе го носи дресот со број „десет“, дрес кој со години го носеше довчерашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни кој се пресели во Евертон.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…