Дома Македонски спорт Мак фудбал Трагедија: Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагедија: Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

21-годишниот фудбалер Гоце Коцевски го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. Оваа информација ја објави неговиот поранешен клуб Борец Велес.

Неговите почетоци биле во младинскиот погон на Борец 1919, а потоа бил член и на Превалец од Велес.

„Нека ти е светол патот до вечноста. Вечна ти слава играчиште! Сочувство до семејството“, објавија од ФК Борец.

Коцевски со својот автомобил излетал на патот Кочани – Три Чешми, на клучката кај селото Спанчево, и починал на лице место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …