Дома Луд Спорт Трагедија во Франција: Навивач на Нант избоден до смрт

Трагедија во Франција: Навивач на Нант избоден до смрт

Навивач на францускиот прволигаш Нант беше убиен во саботата во судир со навивачите на Ница пред натпреварот од француското првенство.

Трагедијата се случила кога група навивачи на Нант нападнале од заседа конвој возила во кои навивачите на Ница се движеле кон стадионот „Божоар“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во метежот биле искршени стаклата на автомобилот, а се случило и еден домашен навивач, член на групата „Бригада Лоара“ за жал смртно да биде прободен со нож во грб.

Неговите пријатели во најкраток можен рок го донеле во локалната болница, каде несреќниот 31-годишник бил веднаш опериран, но тој по неколку часа им подлегнал на повредите.

„Екип“ наведува дека истрагата е во тек и дека многу лица се уапсени. Во текот на ноќта беа испрашувани сведоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…