Италијанскиот репрезентативец Марко Верати ги договорил личните услови со Барселона, меѓутоа ПСЖ не сака да го продаде, иако се шпекулира дека каталонскиот гигант е подготвен да плати и 100 милиони евра за него.
Верати (24) е најдобриот играч на парижаните, а за да го задржат, ПСЖ му понуди нов договор со годишна плата од 10 милиони евра.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
За Верати е заинтересиран и минхенски Баерн. Верати дојде во Париз од Пескара во 2012 година.