Уште едно големо име од европскиот фудбалер се поврзува со трансфер во Пари Сент Жермен!
Француските медиуми пренесуваат дека следното лето главна трансфер цел на ПСЖ, ќе биде играчот за врска на Челзи и француски репрезентативец, Нголо Канте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите, спортскиот директор на „светците“ Антеро Енрике веќе ги остварил првите контакти со агентот на Канте. Идејата на ПСЖ е најдобриот француски фудбалер за 2017 година да го замени Тиаго Мота, кој на крајот на сезоната ќе го напушти „Паркот на принцовите“.
Во моментов Канте е незаменлив дел од тимот на Челзи и оваа сезона запиша 19 настапи во Премиер лигата.
ПСЖ се обиде да го купи Канте уште додека играше за Лестер, но тогаш Французинот преферираше да остане во Премиер лигата и го избра Челзи.