Ѕвездата на Монако, Томас Лемар е една од најголемите трансфер цели на англиските клубови Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Арсенал во последниот ден од летниот трансфер период за него понуди 90 милиони евра, а последните месеци медиумите шпекулираа дека трите англиски клуба ќе се „тепаат“ за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес француските медиуми информираат дека Лемар веќе избрал каде ќе ја продолжи кариерата. Желбата на офанзивниот играч за врска е да ракоботи под раководството на Јирген Клоп и да се пресели на „Енфилд“.
Ливерпул е во потрага по фудбалер кој ќе го може да го замени Филипе Кутињо, кој е на чекор од трансфер во Барселона, па се чини дека Лемар е одлична опција за „црвените“.