Стадионот на Тотенхем би бил мал доколку би ги примил сите заинтересирани навивачи на Црвена Звезда, а од другата страна, преголем за навивачите на Тотенхем.
Дали поради лошата форма или поради противникот кој не е толку атрактивен како Баерн Минхен, Тотенхем мака мачи да ги продаде картите за натпреварот против Црвена Звезда кој се игра вечерва од 21 часот. Целиот капацитет (62,000) од стадионот им припаѓа на навивачите на Тотенхем со оглед на казната на Звезда, но тоа очигледно е премногу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе видиме дали стадионот ќе биде исполнет до последното место, според најавите на реномираните англиски медиуми, продажбата оди слабо.