Дома Фудбал Англија Тотенхем на врвот, Арсенал тоне🎥

Тотенхем на врвот, Арсенал тоне🎥

Тотенхем излезе како победник во дербито на Северен Лондон и се врати на врвот во Премиер лигата, а Арсенал ја продлабочи кризата.

Натпреварот започна одлично за тимот на Мурињо, па во 13-та минута Сон со спектакуларен погодок му донесе водство на Тотенхем.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мурињо го надмудри Артета, му го остави поседот на топката и се закануваше преку контранапади. Во последната минута од првиот дел Кејн зголеми на 2:0.

Во вториот дел Арсенал напаѓаше, но „спарси“ покажаа зошто ја имаат најдобрата одбрана во лигата и го зачуваа водството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Интер славеше во дербито на колото и се врати на врвот во Серија А

Интер успеа да ја совлада Аталанта на дербито од 17. коло во Серија А со 1:0 во Бергамо. О…