Трансфер пазарот во Англија е затворен, а Тотенхем поради својата неактивност влезе во историјата на англискиот фудбал.
Имено, Тотенхем стана првиот клуб во историјата на Премиер лигата, барем кога е во прашање актуелниот формат кој датира од 2003 година, кој не направи ниту еден трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот предводен од Маурицио Покетино не продаде ниту еден фудбалер, но исто така не купи ниту едно ново засилување, епилог кој дефинитивно не се памети во историјата на трансфер периодите во англискиот фудбал.
Сите останати 19 клуба од Премиер лигата донесоа барем едно засилување во летниот преоден рок.
Spurs are the first Premier League team to fail to sign a player in a summer window since the introduction of transfer window in 2003
WOW ? pic.twitter.com/eXhsU3iutj
— Pro:Direct Soccer (@ProD_Soccer) August 9, 2018