Дома Фудбал Англија Тотенхем во Скопје како во „карантин“: Нема тренинг, нема ниту прес!

Тотенхем во Скопје како во „карантин“: Нема тренинг, нема ниту прес!

Жозе Мурињо и Тотенхем во среда пристигнуваат во Скопје за дуелот против Шкендија во квалификациите од Лигата на Европа, кој се игра во четврток.

Премиерлигашот максимално ќе се заштити од пандемијата со Ковид 19, па буквално во Македонија ќе биде како во „карантин“.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Имено, „спарси“ одлучија во Скопје воопшто да не излегуваат од хотел, и нема да имаат ниту тренинг, ниту пресконференција.

Во среда попладне ќе го одработат тренингот во својот камп во Лондон, таму Мурињо ќе има и прес, а потоа со авион летаат за Скопје каде ќе пристигнат во вечерните часови во Македонија. 

Веднаш по завршувањето на дуелот, в четврток вечерта Тотенхем ќе се врати во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Би било интересн: Надал сака да игра турнир со Ѓоковиќ, Мареј и Федерер, но – не во тенис!

Еден од најголемите тенисери во историјата и новопечениот пензионер сака повторно да се со…