Суперлигата повторно е актуелна тема, а неодамна директорот на компанијата „А22“ го претстави проектот кој е малку поразличен од претходниот и најави дека ова може да стане реалост (ТУКА).
„Темелите на европскиот и клупскиот фудбал се усовршуваат од време на време. Клубовите се во голема опасност. Верувам дека новиот проект на навивачите ќе им биде интересен“, изјави директорот на „А22“, Бернд Реихарт.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
За ново натпреварување е и фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос. Според Германецот, Суперлигата е добра идеја и треба да се обиде. Потсети дека УЕФА пред неколку години ја воведе Лигата на Нации.
„Зошто е во ред УЕФА ја воведе Лигата на Нации која на никој не му е потребна. Одеднаш никој не ги прашува за тоа…Многу луѓе зборуваат: Кој би сакал да гледа Реал – Сити секој недела: Но, дали се уморивте од гледањето тениски мечеви помеѓу Федерер и Надал? Јас не. Тоа е моето мислење“, изјави Крос.