Дома Фудбал Останато Сега и потврдено: Меси ја започна „војната“ против Барселона!

Сега и потврдено: Меси ја започна „војната“ против Барселона!

Роналд Куман денес од 17:30 часот го имаше првиот тренинг со екипата на Барселона, но на истиот не се појави Лионел Меси. После се што се случуваше помеѓу Аргентинецот и клубот би кажале и очекувано.

Меси го пропушти вчерашното тестирање на коронавирус пред почетокот на новата сезона, а исто така не се појави и денес во тренинг центарот. Очигледно Меси не се откажува од намерата да го напушти клубот ова лето. Ситуацијата е комплицирана затоа што Барса тврди дека не може да го раскине договорот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вака Меси ја продолжува војната со раководството на клубот во кој помина 20 години и тоа што не се појави на денешниот тренинг и вчерашното тестирање е повеќе од јасна порака.

Неговиот татко Жорге во наредните денови би требало да седне на состанок со Хозе Марија Бартомеу и се најавува дека тој на состанокот ќе бара раскинување на договорот и ништо повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…