Габигол изминатата сезона ја гледаше од клупата за резервни играчи, но успеа да постигне еден гол.
Меѓутоа, во Интер беа разочарани од неговата игра и летово одлучија да го испратат во Бенфика, каде Бразилецот исто така не успеа да се наметне со своите партии.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилскиот напаѓач ќе се врати по само шест месеци позајмица, но Интер не сака да го задржи. Габигол до крајот на сезоната ќе замине повторно на позајмица, но овојпат во некој клуб од Бразил. Колку беше очаен изминатата сезона, покажува и фактот дека е избран за најлош играч во Италија.
„Златната канта“ оваа година е во рацете на Габигол во традиционалниот избор на Раи 2. Бразилецот е платен дури 33 милиони евра, но ниту еден меч не го стартуваше од првата минута. Може да се каже дека Габигол заслужено е најлошиот играч во Италија за изминатата година.