Дома Трансфер зона Тимот од играчи кои остануваат без договор изгледа фантастично

Тимот од играчи кои остануваат без договор изгледа фантастично

Фудбалската сезона во европските првенства полека влегува во својата кулминација, а европските натпреварувања стигнаа до четвртфиналето. Додека се решаваат титулите, така и некои играчи влегуваат во последните месеци и недели од своите договори.

Од фудбалерите кои на лето остануваат без договор навистина може да се состави една фантастична екипа. Прво име помеѓу „бесплатните“ секако е Килијан Мбапе, кого голем дел од јавноста го гледа како играч на Реал Мадрид следната сезона. Партнер во нападот на Французинот би можел да му биде Андреа Белоти од Торино за кого Милан покажува голем интерес.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На голот е голманот Андре Онана кој веќе го заврши својот трансфер во редовите на Интер. Тројката во одбраната е составена од Матијас Гинтер и двајцата дефанзивци на Челзи Кристенсен и Рудигер. Данецот најверојатно продолжува во Барселона, додека околу Рудигер има повеќе кандидати и неизвесно е каде ќе продолжи.

Средниот ред е составен со Пол Погба од Јунајтед кој може да се врати во Јувентус, тука е Кеси кој како и Кристенсен веќе има договор со Барселона. По страничните позиции се Иван Перишиќ и Осман Дембеле, додека веднаш зад напаѓачите Аргентинецот Паоло Дибала.

Значи:

Онана, Гинтер, Кристенсен, Рудигер, Дембеле, Погба, Кеси, Перишиќ, Дибала, Белоти, Мбапе.

Нешто да промените?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …