Eкипата на Висел Кобе чекаше 25 сезони на првиот трофеј и сега после подобро изведувањето на пенали беа подобри од Јокохама со што го освоија Суперкупот на Јапонија.
Конечниот резултат беше 3:3, на пеналите 3:2, а натпреварот ќе биде запаметен по тоа што играчите на двете екипи промашија дури девет пенали во низа пред Хоатару Јамагучи да го постигне одлучувачкиот гол пред повеќе од 51.000 гледачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова беше вистинска реклама за јапонскиот фудбал, се надевам дека навивачите уживаа. Никогаш не сум видел нешто слично во некоја пенал серија“, изјави тренерот на Висел Кобе, Торстен Финк.
?????????????????????????????????????@andresiniesta8
— ヴィッセル神戸 (@visselkobe) February 8, 2020
LEGEND. pic.twitter.com/CgCSbYJfru
Кобе поведе со голот на Даглас после асистенцијата од Иниеста, изедначи Маркос Жуниор кој најголемиот дел од кариерата го помина во Фламиненсе за Кобе до крајот на полувреме повторно да поведе со голот на Фурухаши.
Огихара изедначи на 2:2, со голот на Јамагучи Кобе одново поведе. Ново изедначување видовме во 73. минута кога погоди Ерик.
На крајот Кобе преку неверојатната пенал серија стигна до првиот трофеј во историјата на клубот.