Лоши вести ни пристигнуваат од Јапонија.
Легендарниот Андрес Иниеста мора да оди на долга пауза поради повреда на мускулот. Наводно, Иниеста ќе мора да оди на операција поради која би можел да паузира најмалку четири месеци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во наредните денови ќе биде опериран во Барселона од познатиот доктор Рамон Кугат како најголем специјалист кога во прашање се спортските повреди.
Потоа ќе следи долг период на рехабилитација, а многумина стравуваат и дека ова може да значи крај на кариерата за Иниеста.
Иниеста во мај во периодот кога ќе врати на теренот ќе наполни 37 години и прашање е уште колку ќе игра и колку ќе биде спремен да се врати во форма. Од 2002 до 2018 година Иниеста настапуваше за Барселона, потоа одлучи да се пресели во Висел Кобе.
Со Барселона освои се што можеше да се освои и еден од најзаслужните за шпанската „триплета“ – ЕП 2008, СП 2010 и ЕП 2012.