Германскиот напаѓач Тимо Вернер кариерата би можел да ја продолжи во редовите на Ливерпул.
Како што пренесува „Билд“, 23-годишниот напаѓач е голема желба на менаџерот на „Црвените“, Јирген Клоп и тој ќе се обиде да го ангажира во летниот преоден рок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Трансферот на ВЕрнер од Лајпциг во Ливерпул е можен. Цената од 60 милиони евра која ја бара германскиот клуб е прифатлива за тимот од Енфилд и голема е можноста овој напаѓач да заврши во ПЛ.
Вернер претходно се поврзуваше со многубројни великани. За неговиот потпис се бореа Баерн и Барселона, но на крајот не дојде до договор.
Тимо Вернер е навистина одличен оваа сезона. Одигра вкупно 30 натпревари за Лајпциг и запиша 25 голови и 10 асистенции.