Дома Трансфер зона Тим Кејхил не се откажува и на 38 години потпиша за нов клуб

Тим Кејхил не се откажува и на 38 години потпиша за нов клуб

Искусниот напаѓач, Тим Кејхил се уште нема намера да ја заврши својата кариера бидејќи пронајде нов ангажман.

Кејхил после Светското првенство се прости од репрезентацијата на Австралија и многумина веруваа дека ќе ја заврши својата фудбалска кариера ова лето. Меѓутоа овој 38 годишен напаѓач се уште нема намера да каже крај и пронајде нов клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Имено, поранешниот фудбалер на Евертон е нов играч на индискиот Јамшедпур со кој потпиша договор на една година. Кејхил на почетокот на година потпиша за англискиот Милвол, но во клубот од Чемпионшип се задржа само неколку месеци.

„Среќен сум што можам да кажам дека кариерата ја продолжувам во Индија во Јамшдпур. Клубот направи се да ме доведе и ми се допадна што беа професионални во се. Со нетрпение чекам да ја започнам новата авантура и да им се придружам на соиграчите“, изјави Кејхил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…