Дома Фудбал Репрезентации Тиери Анри добива селекторска понуда?

Тиери Анри добива селекторска понуда?

Легендата на францускиот фудбал Тиери Анри кој на двапати беше помошник на Роберто Мартинез во репрезентацијата на Белгија наводно чека повик да биде нов селектор на САД.

Наводно раководството на САД сака Анри да ја води оваа селекција во подготовките за Мундијалот во 2026 година за кој Американците ќе бидат едни од домаќините заедно со Канада и Мексико.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„ЕСПН“ објави дека Анри одбил да биде селектор на женската репрезентација на Франција, токму затоа што го чека повикот од САД.

Анри првите разговори веќе ги одржал. САД во овој момент е предводен од Ентони Хадсон кој е привремено решение, па затоа во федерацијата се во потрага по тренер кој подолго време ќе остане на клупата.

Инаку, САД во овој момент има добра и талентирана генерација предводена од Кристијан Пулишиќ, па затоа и сакаат максимално да бидат подготвени за Мундијалот на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…