Германските медиуми јавуваат дека Баерн Минхен постигнал начелен договор за продолжување на соработката со шпанскиот репрезентативец Тиаго Алкантара.
28-годишниот фудбалер е близу до продолжување на соработката со германскиот шампион, а двете страни треба да се договорат само за мали детали, објави „Кикер“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алкантара се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа и многу се шпекулираше со неговата иднина бидејќи неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.
Меѓутоа, плејмејкерот реши да му остане верен на Баварците и наскоро ќе стави потпис на нов договор.