Дома Фудбал Италија ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА: Јувентус контролира се, целиот ВАР е под нивна контрола!

ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА: Јувентус контролира се, целиот ВАР е под нивна контрола!

Директорот на италијанскиот јавен сервис „РАИ 2“, Карло Фречеро имаше интересен настап во четвртокот при конференцијата за медиумите која беше одржана по повод неговата промоција на неговата нова функција.

Конференцијата за медиумите на која зборуваше Карло Фречеро се развиваше во неочекуван смер бидејќи новиот директор на РАИ испрати тешки обвинувања кон италијанскиот шампион, Јувентус.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Новинарите го запрачаа Фречеро дали на РАИ 2 ќе се пренесува Серија А бидејќи оваа телевизија веќе ги има правата за преност на Купот на Италија и Суперкупот на Италија, а одговорот кој го даде никој не го очекуваше.

„Сега гледам само Премиер лигата, затоа што во Италија победува само Јувентус. Тоа е затоа што контролираат се, го контролираат и ВАР, тоа е неверојатно. Целиот ВАР е во нивна контрола…Тоа е иритантно, напред Рома!“, заврши првиот човек на РАИ 2 кој е навивач на „волчицата“.

Фречеро не нагласи дали мислеше само на судиите кога го спомна ВАР или тоа се однесуваше на технологијата со која им се помага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…