Од Фудбалската федерација на Македонија посочија дека е можно натпреварот помеѓу младите У21 селекции на Фарски Острови и Македонија да биде одложен поради лошите услови и замрзнатиот терен.
Утре во 10:00 часот, судиите и делегатот ќе извршат инспекција на теренот и на официјалниот состанок ќе информираат дали ќе се игра натпреварот Фарски Острови – Македонија или ќе биде одложен.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Репрезентацијата попладнево имаше тренинг, во импровизирани услови на мал дел од теренот кој не беше замрзнат.

