Дома Трансфер зона Тер Штеген не мрда од Барселона: Потпиша нов договор, познати и деталите

Тер Штеген не мрда од Барселона: Потпиша нов договор, познати и деталите

Германскиот голман Марк Андре Тер Штеген постигна договор со Барселона за продолжување на соработката на уште пет години.

Тер Штеген веќе девет години е дел од тимот на Барселона, па ќе остане верен и понатаму во следните пет години. Ако одработи договорот до крајот тогаш ќе помине во Барселона цели 14 години.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во редовите на Барселона, Германецот пристигна во 2014 година како замена за Виктор Валдес.

Прво се натпреваруваше за место во тимот со Клаудио Браво, а потоа стана неприкосновен на голманската позиција. Барселона за неговите услуги при доведувањето плати 12 милиони евра.

Во сегашниот договор на Тер Штеген откупната клазула изнесува пола милијарда евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски во Лигата на шампионите направи нешто што никој претходно не направил

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој, играјќ…