Дома Фудбал Тер Штеген во Барселона до 2025 година?

Тер Штеген во Барселона до 2025 година?

Германскиот голман Марк Андре Тер Штеген најверојатно ќе го продолжи договорот со Барселона.

Според пишувањето на шпанските медиуми агентот на Тер Штеген е во преговори со Барселона и работите се одвиваат според планираното, па во наредните денови се очекува продолжувањето на соработката да биде официјализирано.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на Тер Штегн истекува во 2022 година и истиот ќе биде продолжен до 2025 година, финансиските детали засега не се познати.

Разговорите помеѓу Тер Штеген и Барселона започнаа пред неколу месеци, но пандемијата со коронавирусот влијаеше на нивниот тек.

Ќе потсетиме, Тер Штеген го оперираше коленото и кон средината на ноември би требало да се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сѐ!

Ендрик пристигна во Реал Мадрид како тинејџер. Се зборуваше за него дека е новиот Роналдо …