Maнчестер Јунајтед вчера доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Брентфорд.
Избраниците на Тен Хаг во само едно полувреме примија четири гола и овој натпревар предизвика бура од негативни реакции и коментари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот Тен Хаг отворено ги критикуваше играчите.
„Моја одговорност е да дадам објаснување, јасно е дека одигравме лошо, резултатот го кажува тоа. Веќе на полувремето сакав да го заменам целиот тим, не може на тоа ниво да правите толку грешки. Мора да сте подготвени да се борите како поединец и како тим, мораме да бидеме подобри, вака не може да продолжиме. Потребни ни се нови фудбалери, но сега не сакам да зборувам затоа, овие кои се тука мораат многу подобар. Сакав подобар старт, меѓутоа тоа е што е јас ќе продолжам да верувам во позитивни работи“, изјави Тен Хаг по мечот.
Следниот викенд Јунајтед го чека тежок испит во големото дерби против Ливерпул.