Фудбалерите на Манчестер Јунајтед лошо стартуваа уште една сезона во Премиер лигата.
Ерик Тен Хаг е самоуверен во изјавите и верува во трофеи, но во реалноста тие се далеку. Холандскиот стратег со поразот од Ливерпул испиша нова негативна историја.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Холанѓанецот стана првиот тренер во историјата на клубот кој двапати е поразен во воведните три натпревари во Премеир лигата.
Минатата сезона Јунајтед беше поразен од Брајтон и Брентфорд, додека оваа сезона по стартниот триумф против Фулам повторно беа поразени од Брајтон и Ливерпул.
Во викендот кој следи доаѓа репрезентативната пауза, а по неа Јунајтед гостува кај Саутемптон.