Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезоната со два порази од Брајтон и Брентфорд, а вечерва „црвените ѓаволи“ ги очекува големото дерби против Ливерпул.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг пред овој дуел зборуваше за причините за лошиот старт на Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одигравме добра предсезона, но тогаш се повреди Марсијал, Роналдо не беше подготвен како што треба…Ни недостасуваше и дефанзивен играч за врска. Во првиот натпревар стартери беа двајца централни дефанзивци кои не играа заедно…Сезоната е долга ќе се подориме, нашите резултати ќе бидат многу подобри. На тренинзите видов дека можеме“, изјави Тен Хаг.
Зборуваше Тен Хаг и за казната која им ја даде на играчите да истрчаат 14 километри после тешкиот пораз од Брентфорд од 4:0.
„Тоа беше одлука која ја донесов уште во текот на натпреварот. Можеше да се види дека не играме на нивото на кое треба да биде еден Манчестер Јунајтед, тука сум да ги променам работите. Сите треба да разберат колкава тежина има дресот кој го носат. Се надевам дека играчите се лути на себе што се прикажел во светло какво што сите очекуваат“, истакна холандскиот стратег.