Дома Фудбал Англија Тен Хаг за првпат излезе пред новинарите по заминувањето на Роналдо

Тен Хаг за првпат излезе пред новинарите по заминувањето на Роналдо

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тенх Хаг за првпат зборуваше за медиумите после контроверзиите со Кристијано пред почетокот на Светското првенство.

Роналдо после интервјуто кај Пирс Морган го раскина договорот со Манчестер Јунајтед на шест месеци пред истекот. Португалецот се врати на „Олд Трафорд“ после 12 години, очекувањата беа големи, но сепак не се прослави во овој втор мандат.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Новинарите за првпат сега добија прилика да го прашаат Тен Хаг за Роналдо, а холандскиот стратег не сакаше премногу да зборува за Португалецот.

„Пред нас е трансфер периодот, Роналдо замина. Како ќе ја решите таа ситуација?“, гласеше прашањето на новинарот.

„Роналдо си замина и таа приказна заврши. Тоа е минато, ние гледаме напред кон иднината“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Казнет напаѓач девет натпревари поради расизам кон поранешен играч на Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Престон, Милутин Осмаич, беше казнет со девет натпревари поради расистички на…