Maркус Рашфорд игра во одлична форма и тој е еден од најзаслужните за добрите резултати на Манчестер Јунајтед во последниот период.
Англискиот голгетер постигна десет гола на последните десет натпревари за „црвените ѓаволи“. Рашфорд стана клучен играч во системот на Тен Хаг и многумина заслугите за добрата форма на напаѓачот му ги препишуваат на холандскиот стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тен Хаг сепак остана скромен и порача дека пофалбите треба да одат замо кон фудбалерот.
„Јас не сум Хари Потер. Станува збор за самодовербата на играчот. Секој играч треба да ја бара својата самодоверба, Маркус ја пронајде и тоа е многу добро за нас.
Силно се бореше да дојде до овој момент. На крајот се зависи само од него. Кога фудбалерот има самодоверба и јас верувам во него“, изјави Тен Хаг.
Следниот натпревар Манчестер Јунајтед го игра вечерва во рамките од ФА Купот против Рединг.