Лисандро Мартинез со Аргентина стана светски шампион и секако дека тој како и останатите Аргентинци е во голема еуфорија, сепак набрзо ќе мора да се појави во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед.
За Аргентина ова беше прва светска титула по пауза од 36 години и фудбалерите секако дека се уште уживаат во прославата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Тен Хаг сака Мартинез колку што е можно побрзо да дојде во клубот затоа што Премиер лигата продолжува многу брзо.
„Разбирам дека Лисандро слави во Буенос Аирес, секако дека знам што значи светската титула и еуфоријата. Но, исто така и тој треба да сфати дека имаме натпревар на 27. декември, Премиер лигата продолжува, немаме многу избор“, изјави Тен Хаг.
Претходно Јирген Клоп и Пеп Гвардиола критикуваа што Премиер лигата продолжува само една недела по завршувањето на Мундијалот.
Ливерпул и Сити веќе вчера играа натпревар од Лига Купот, победија „граѓаните“ со 3:2.