Дома Фудбал Англија Тен Хаг е пред отказ, а тој зборува за трофеј

Тен Хаг е пред отказ, а тој зборува за трофеј

Ерик Тен Хаг се наоѓа под најголем притисок во Манчестер Јунајтед поради слабите резултати и англските медиуми пишуваат за ултиматум кој му е поставен од водечките луѓе на клубот.

Тимот е критикуван од сите, но Тен Хаг е оптимист и тврди дека сезоната ќе ја заврши со трофеј.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ништо не е лесно, но нема простор за паника, сезоната ќе биде успешна. Често се случува во моите екипи да имаме проблеми, ама можеме да ги решиме. Последните шест сезони постојано освојувам трофеи и целта е продолжување на таа серија“, изјави Тен Хаг.

„Не размислувам за можен отказ, не сум анксиозен и не сум нервозен околу тоа. Ние сме заедно во ова. Создадовме заедништво со раководството и лидерите на клубот во текот на летото. Постигнавме договор и стоиме зад тоа. Стратегијата е да им се дадат шанса на млади играчи во овој транзициски период“, додаде Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн објави рекорден приход, претседателот ја задржа функцијата

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден приход од речиси 1 милијарда ев…