Дома Трансфер зона Тевез се откажа од богатството – ја напушта Кина

Тевез се откажа од богатството – ја напушта Кина

Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез наскоро би можел да ја напушти Кина, иако таму заработува вистинско богатство.

Тевез пристигна во редовите на Шангај Шехуа од Бока Јуниорс и стана најлатен фудбалер на светот со годишна плата од 40 милиони долари, но очигледно парите не го прават среќен.


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Денес медиумите пренесуваат дека Тевез е решен да се откаже од богатството и да ја напушти Кина после само половина година.

Аргентинецот на 13 настапи постигна само два гола, па очигледно е дека не му одговара фудбалот во Кина.

Сеуште не е јасно каде Тевез ќе ја продолжи кариерата, најверојатно во родната Аргентина. Сепак, сигурно е дека ќе заработува многу помалку пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Киеза не е задоволен, го напушта Ливерпул

Федерико Киеза ова лето се пресели во Ливерпул, но најверојатно експресно ќе е врати во Се…