Едисон Кавани е среќен во Англија и на лето готово сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед, откри таткото на уругвајскиот напаѓач.
34-годишниот напаѓач во октомври пристигна на „Олд Трафорд“ како слободен агент и потпиша договор до јуни 2021 година со можност за продолжување на уште една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојот син не е среќен во Ангија и сака да се врати во Јужна Америка. Сака да биде поблиску до семејството. Нема намера да остане во Јунајтед, ќе ја искористи опцијата во договорот и ќе си замине во јуни. Веќе започна разговори со Рикелме и би сакал да заигра за Бока Јуниорс“, изјави Луис Кавани.
Кавани оваа сезона за Јунајтед одигра 25 меча на кои постигна 7 гола.