После две години, Новак Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП табелата.
Многумина го отпишаа српскиот тенисер после низата повреди, но тој во 2018 година се врати со освојувањето на Вимболдон и УС Опен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Странците го почитуваат Новак, но не го сакаат. Меѓутоа, мораат да се помират со тоа дека тој е најдобриот на сите времиња. Ќе игра се додека не ги сруши сите рекорди“, порача Срѓан Ѓоковиќ.
Во Србија Новак беше на удар на медиумите и навивачите.
„Го погодуваа коментарите околу исхраната. За среќа, тие луѓе се се помалку бројни. Поголемиот број на луѓе во Србија го сакаат и на него гледаат како член на семејството“, смета таткото на тенисерот.
За Новак ова ќе биде 223 недела на врвот на АТП, рекордер во овој сегмент е Федерер со 310 недели поминати на врвот.