Taткото на Новак Ѓоковиќ не го променил мислењето иако Федерер во последно време е во одлични односи со српскиот тенисер.
Лајвер купот кој се одржа неодамна беше одлична прилика Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ да покажат колку се почитуваат меѓусебе. Беа во ист тим, а сведоци бевме на една ситуација во која Швајцарецот беше во улога на тренер на Новак.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Сепак таквите случувања не го променија мислењето на таткото на Новак, Сраѓан Ѓоковиќ за најтрофејниот тенисер на денешницата.
Тој гостуваше во „Happy TV“ во една емисија и при таа прилика се потсети на изјава на Федерер од пред 12 години кога го нарече Ѓоковиќ „измамник“, во текот на
Дејвис купот во мечот помеѓу Србија и Швајцарија, кога Новак во петиот сет против Вавринка побара медицински тајм-аут.
„Кажав и тогаш, Федерер е голем шампион, но мал човек. Тоа го мислам и денес. Во последно време го промени односот, изгледа и самиот сега знае дека погрешил. Дури и беше во улога на негов тренер, сите видовте како го советуваше на Лајвер купот“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.