Според последните информации од грчките медиуми таткото на убиениот навивач Михалис Кацурис завршил во болница.
Во текот на вчерашниот ден медиумите ја пренесуваат изјавата на таткото на Михалис кој порача дека сака достојно да се прости од својот син, но за жал изгледа нема да може да присуствува на неговиот погреб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Грчките медиуми пишуваат дека денес таткото на Михалис се онесвестил и завршил во болница каде што било утврдено дека добил напад на паника поради шокот за загубата на синот.
Ноќта ќе ја помине во болница, а исто така се наведува дека докторите нема да му дозволат да присуства на последното испраќање на неговиот син.
Според докторите тоа би било преголем здравствен ризик. Исто така се пишува дека мајката на убиениот навивач имала проблем со здравјето, конкретно со срцето, но таа засега не е хоспитализирана.