Лионел Меси е во центарот на вниманието откако минатата недела побара да ја напушти Барселона.
Неговиот татко, Хорхе Меси, кој воедно е и менаџер на најдобриот светски фудбалер, утрово пристигна во Барселона и во текот на денот треба да се сретне со претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хорхе Меси очекувано беше „нападнат“ од голем број новинари и кратко изјави дека „Тешко дека Лео ќе остане во Барселона“.
Таткото на Меси беше запрашал дали имал разговори со Пеп Гвардиола за евентуален трансфер во Манчестер Сити.
„Не сум разговарал со него. Не знам ништо, засега нема ништо“, одговори Хорхе Меси.
Аргентинецот се надева дека ќе ја активира клаузулата во договорот која му овозможува да го раскине договорот и да замине без обештетување, но клубот му порача дека времето на клаузулата веќе поминало.
? BOMBAZO del padre de MESSI:
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 2, 2020
?? “Leo lo tiene DIFÍCIL PARA QUEDARSE en el BARÇA”.
IMAGEN #JUGONES pic.twitter.com/TpZ7If5t1D