Дома Трансфер зона Таткото на Меси демантира: Лео останува во Барса и ако Каталонија се отцепи!

Таткото на Меси демантира: Лео останува во Барса и ако Каталонија се отцепи!

Аргентинскиот „волшебник“ Лео Меси пред неколку недели конечно стави потпис на новиот договор со Барселона, според кој се обврза на верност кон каталонскиот гигант до 2021 година.

Преговорите помеѓу Барселона и Меси траеја со месеци, но на крајот се добро се заврши по Каталонците, но и по фудбалерот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, вчера шпанските медиуми пренесоа дека во неговиот договор има многу чудна клаузула според која Меси може да ја напушти Барселона како слободен играч доколку дојде до отцепување на Каталонија.

Денес експресно стигна демант од страна на неговиот татко и агент Жорге Меси.

„Изминатите денови беа напишани многу работи за договорот на мојот син и Барселона. Вистината е дека откупната клаузула изнесува 700 милиони евра, а лага е дека тој може да замине бесплатно. Клаузулата за која толку многу се зборува е бесмислена и воопшто не постои“, истакна Жорге и додаде:

„Во договорот постои клаузула според која Лео ќе остане во клубот се додека играат во врвна лига. Ако Каталонија стане независна, Меси ќе биде дел од клубот се додека Барса игра во некоја од врвните лиги“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…