Дома Фудбал Тандемот Чави – Иниеста на кормилото на Барса? Не звучи лошо

Тандемот Чави – Иниеста на кормилото на Барса? Не звучи лошо

Андрес Инеста кој во моментов е дел од јапонскиот состав Висел Кобе најави едно можно интересно тренерско дуо во Барселона во иднина.

35-годишниот играч од средниот ред не ја исклучува можноста да се врати во тимот на Барселона како тренер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тренерски тандем Чави – Иниеста не звучи лошо, но во моментов тоа не е можно. Не сум кажал дека сакам да водам тим, но како одминува времето, се замислувам се повеќе и повеќе како тренер. Навистина се чувствувам добро, амбициозно и инспирирано. Се забавував минатата година и мислам дека треба да одам од година во година. Продолжувам да имам желба да тренирам, да играм, мотивацијата не ме напуштила“, изјави Иниеста.

Иниеста го коментираше неговото појавување на тренингот во Барселона во понеделникот, што се покажа како последен за менторот Ернесто Валверде.

„Не беше најдобриот ден за тоа. Не знам дали Валверде веќе знаеше дека си оди. Не беше најдобриот ден за посета, но на крајот го видов мојот тренер, моите поранешни соиграчи, а за тоа нема лошо време“, истакна Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…