Дома Македонски спорт Мак фудбал Тандемот повторно се спои: Влахо ќе му помага на Седлоски во Шкупи

Тандемот повторно се спои: Влахо ќе му помага на Седлоски во Шкупи

Стратегот Гоце Седлоски во Шкупи ќе има нов помошник пред продолжението на европската сезона и стартот на домашните натпревари.

Неодамна стручниот штаб на Седлоски го напушти Павел Неделковски. Тој имаше улога на помошник на Седлоски, па затоа клубот мораше да реагира и да доведе нова замена.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ново име во Шкупи е Александар Влахо кој веќе во кариерата има соработувано со Седлоски. Двајцата беа во Вардар, Рига и Динамо Загреб. Потоа Влахо тргна да гради самостојна тренерска кариера во Работнички.

Ќе видиме како сега овој тандем ќе функционира во Чаир.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…