Во вчерашниот натпревар од втората холандска лига помеѓу младинскиот тим на Ајакс и Рода видовме ситуација која досега се немаше случено.
Рода успеа да слави со 1:0 и единствениот гол на натпреварот беше постигнат од пенал. Токму тој пенал е причината поради која се пишува за овој натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
При една акција голманот на Ајакс го одбрани штутот на играчот на Рода, ја фати топката и ја додаде до својот соиграч кој неочекувано ја фати со раце мислејќи дека треба да ја намести за изведување гол аут.
Бидејќи топката воопшто не излезе надвор сосема оправдано судијата покажа на белата точка.
Heerlijke start van onze vakantie met weer een overwinning van Roda JC (en wel genieten van deze megablooper van Ajax 🤣) #RODjaj pic.twitter.com/zfbN3ghAch
— Roger Scheeren (@RScheeren) August 12, 2022