Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Тажен крај за играчот кој блескаше на ЕП: Спинацола доживеа ужасна повреда

Тажен крај за играчот кој блескаше на ЕП: Спинацола доживеа ужасна повреда

Одличниот италијански фудбалер Леонардо Спинацола доживеа тешка повреда во натпреварот од Европското првенство против Белгија.

Играчот на Рома во финишот на натпреварот заработи повреда и во солзи го напушти стадионот Алијанц Арена во Минхен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Солзите не беа без причина. Спинацола ја истегна ахиловата тетива па сега го чека голема пауза и повеќемесечно опоравување од оваа тешка повреда.

Голема поддршка за 28-годишниот лев бек доби од страна на соиграчите во репрезентацијата. Сцената од авионот покажува како сите во авионот го пеат неговото име.

После натпревар коментар за повредата на Спинацола даде и селекторот Роберто Манчини.

„Ова не го заслужи. Беше меѓу најдобрите играчи на турнирот и ќе остане така и ако не може да игра во наредните натпревари. Тажни сме поради тоа што се случи и изгледа многу сериозно.“ – рече Манчини.

Според последните информации Спинацола се здобил со кинење на Ахиловата тетива и тоа е една од најлошите повреди кај спортистите, паузата би можела да биде најмалку 8-9 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Во оваа земја над 100 спортисти се осомничени за обложување и договорени натпревари

Голем скандал се случи во Финска, каде повеќе од 100 луѓе се осомничени дека местеле натпр…