На 71-годишна возраст почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор, објави клубот.
Тажната фест Победа ја соопшти преку социјалните мрежи:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со неизмерна тага и длабока почит известуваме дека не напушти Јове Магдески – мајсторот на фудбалската игра, кој со својот талент го прослави Прилеп и остави неизбришлив белег на фудбалското поле. Јове Магде, како што го нарекуваа прилепчани, беше вистински уметник со топката.
ФК „Победа“ и прилепската публика засекогаш ќе го паметат бројот 8 како симбол на неговата величина. Пасовите на Јове „имаа очи“, а неговите слободни удари беа „половина гол“. Беше дел од најдобрата генерација на клубот, оставајќи трајна инспирација за сите идни генераци.
Покрај мајсторството на локално ниво, неговата фудбалска вештина беше забележана и пошироко – како член на аматерската репрезентација на СФРЈ, одигра 30 натпревари и се закити со златен медал на Балканијадата во Грција. Иако имаше можности да заигра за некој од тимовите од југословенската „голема четворка“, тој остана верен на својата „Победа“ и на градот Прилеп, што само ја потврдува неговата искрена љубов и лојалност.
Во негова чест, пред почетокот на следниот натпревар на нашиот клуб ќе одржиме едноминутно молчење, како последен поздрав за неговото дело. Нека овој миг биде спомен на неговата незаборавна игра, љубов и посветеност.
Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го сакаа и почитуваа. Почивај во мир, Јове“.